Ќе има смени на министри – Премиерот Зоран Заев открива детали

Македонскиот премиер Зоран Заев прашан дали до крајот на годинава може да се очекува реконструкција на Владата, Заев одговори дека не размислуваат за тоа при вакви, како што рече, сериозни парламентарни процеси. Додаде дека реконструкција ќе нема, но веројатно смена на министри ќе има.

– Ако некој министер не доаѓа во Владата, логично е дека треба Владата да седне, да размисли, тоа да се промени. Тоа е редот на работите. Секако разговараме со коалициските партнери, кои споделиле одговорност со нас и во делот на другите ресори – рече Заев.