Драма во Македонија: Се скарал со родителите па сам се прободел со нож

Синоќа во 23.30 часот во Полициска станица од општа надлежност Неготино се јавил дежурниот лекар од Итна медицинска помош Неготино и пријавил дека на улицата „Манчо Малиминов“ во Неготино, во семејната куќа се самоповредило триесетгодишно лице.

По претходна расправија со неговите родители, младиот човек земал нож од кујната и самиот си нанел убодна рана на левата рака, информираат од полицијата.

Повредениот бил пренесен во Итна медицинска помош – Неготино, каде му била санирана повредата.