3.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

УХМР предупредува: Следува промена на времето – во овие денови ќе е најстудено

Времето утре ќе биде променливо облачно. Претпладне, претежно во јужните и југозападните делови ќе има и локални врнежи од дожд.

Како што соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), потоа ќе продолжи периодот на стабилно време со појава на утринска магла по одделни котлини. Дневната температура ќе биде малку над просекот за овој период од годината.

Температурата ќе биде во интервал од два до 18 степени. Во Скопје слично време, со утринска температура од пет, а дневна од 17 степени.

Најстудено ќе биде во в понеделник и вторник, со утринска температура од минус три степени. Дневната температура во претстојните денови ќе се движи од 15 до 23 степени.