5.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЗДРАВЈЕ

Сварете банана, додајте мед и направете го најјакиот домашен лек

Постои еден домашен лек кој во себе содржи мноштво природни и лековити материи кои делуваат смирувачки на воспалено грло или бели дробови, но и во краток период помага во лекување бронхитис и кашлица.

Благодарение на моќните својства на медот и бананата, ќе се решите од болното и воспалено грло, кашлицата, а дури и од стомачните проблеми, тврдат добро упатените.

Состојки: 400 мл зовриена вода; 2 средни банани со црни точки; 2 лажички мед

Начин на подготовка:

Излупете ги бананите и изгмечете ги со вилушка. Потоа ставете ги во лонец и додајте зовриена вода. Оставете ги половина час.

Кога смесата ќе се излади, додајте мед. Важно е медот да го додадете последен, бидејќи, доколку го измешате со врела вода, ќе ги изгуби своите лековити својства.

Пијте по 100 мл од оваа напивка четири пати дневно.

Количината на состојките од рецептот е доволна за еден ден, а наутро направете нова тура. Резултатите ќе бидат видливи после 5 дена!

Спонзорирано: