5.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
SHOWBIZ

Оливер Драгојевиќ ќе добие музеј во родната Вела Лука

Оливер Драгојевиќ наскоро ќе добие музеј во родната Вела Лука. Идејата за музејот на Оливер Драгојевиќ дојде од членовите на семејството на Оливер, а челните луѓе на општината и Драгојевиќи брзо се договорија за проектот, како и за локацијата каде што обожавателите наскоро ќе можат да ги видат неговите награди, како и лични работи.

„Иницијативата за музејот потекнува од членовите на неговото семејство. Веднаш ја прифативме иницијативата. Општината го избра Задружниот дом како локација на идниот музеј“, рече заменик-шефот на Вела Лука, Драгиша Барчот, за порталот „Далмација данас“.

Барчот додаде дека поради бројните фанови кои го посетуваат гробот на Оливер Драгојевиќ се уредуваат и гробиштата „Свети Роко“, а исто така размислуваат и за скулптура на Оливер во природна големина.

Спонзорирано: