21.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay
БИЗНИС

Драматичен пад на цената на нафтата

Цените на нафтата во вторникот паднаа на светските берзи под 73 долари бидејќи фокусот се префрли на можното намалување на побарувачката поради забавувањето на економската активност откако ослободувањето на американските санкции за увоз на иранска нафта ја пригушија загриженоста за понудата.

Цената на барел нафта на пазарот во Лондон се намали за 53 центи, односно на 72,64 долари. Во понеделникот тргувањето заврши во плус од 34 центи.

На пазарот во САД, барели беа тргувани со 30 центи пониска цена, од 62,8 американски долари. Во понеделникот поевтини за четири центи.

Вашингтон обезбеди ослободување од американските санкции за увоз на иранска нафта во траење од 180 дена за Кина, Индија, Јужна Кореја, Јапонија, Италија, Грција, Тајван и Турција.

Оваа група на земји купува околу три четвртини од извозот на нафта од Иран. Ирански извоз може да се спушти до еден милион барели дневно во ноември, што е спротивно на највисоко ниво оваа година од околу 2,6 милиони барели дневно, но според проценките што се прават, тоа може да се зголеми во декември бидејќи увозниците ќе ја искористат можноста за изземање.

Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) објави дека барел од својата референтна кошница на нафта во понеделникот чинел 71,45 долари, што значи дека ценатае пораснала за помалку од десет центи во однос на петокот.

Спонзорирано: