17.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈААНАЛИЗАИЗБОР

Анализа: Стотици илјади долари се истураат за “описменување” на медиумите, но ретко кога медиум добил средства за тоа

Големи проекти за описменување на граѓаните и медиумите преку трибини, настани, семинари и кампањи, но и борба против лажните вести на интернет се спроведуваат во изминатите години на територијата на Македонија, за што се трошат стотици илјади евра, но ретко кога таква поддршка завршила таму каде што е најпотребна директно во  онлајн медиумите и затоа резултатите се мали, доцнат или ги нема.

Факт е дека во Македонија постои неверојатно голема потреба од регулација на интернет просторот, бидејќи имаме медиуми кои ги плаќаат сите можни давачки кон државата, со регистрирани компании, со вработени, почитувајќи ги сите можни авторски права, а притоа се приддржуваат на етичките кодекси за медиумско информирање, но и основните новинарски принципи при известување, но и медиуми кои не ги почитуваат ниту основните правила и сеат говор на омраза.

Исто како што факт е дека е потребно и едукација на граѓаните да детектираат што е лажна вест, а што точна, па самите да го проценат тоа, а не тоа да го прави некој компјутерски алгоритам или државен регулатор.

Последниве години речиси се поретко е да се поддржуваат онлајн медиуми кои уживаат висока доверба и читаност кај граѓаните.

Интересен е и фактот што меѓународните организации финансиски поддржуваат организации и медиуми само од Скопје, и покрај тоа што имаме неколку национални медиуми во внатрешноста на Македонија со огромна читаност од 1 милион посети месечно, како на пример Centar.mk (Скај), чие издаваштво доаѓа од југозападниот дел на Македонија и се уникатни и итекако потребни на Македонија.

 

Професионалните онлајн медиуми едвај ги изддржуваат трошоците – маркетинг агенциите, компаниите и донаторите треба да го знаат тоа

Да се биде професионален е да се биде почитувач на авторските права, претплатник на новински агенции, да се прават оригинални стории и интервјуа. Тоа е навистина финансиски тешко-издржливо за медиумите кои кубурат со пари со оглед дека и натаму нема некакво правило при објавувањето на огласи.

Компаниите,но и донаторите треба да бидат свесни дека професионалните медиуми со импресум вложуваат повеќе и вредноста на нивниот рекламен простор е поголема.

 

Апел на медиумските здруженија: Рекламерите да не поддржуваат портали без импресум

Неодамна Здружението на новинари на Македонија, Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници и Советот за етика на медиумите во Македонија, усогласија минимум критериуми што ќе помогнат во заштита и промоција на професионалното новинарство во онлајн медиумите.

ЗНМ, ССНМ и СЕММ сметаат дека онлајн медиумите треба да ги почитуваат начелата и принципите на новинарската професија, како што се транспарентна сопственост, објавување на импресум, контакт и адреса на медиумот, прифаќање и почитување на Кодексот на новинарите и регистрација на правен субјект во Македонија.

Трите организации бараат од Владата и јавните институции да ги почитуваат овие критериуми при издавање на акредитација на новинарите од онлајн медиумите.

,,Ги повикуваме рекламерите на општествена одговорност и да се воздржат од објавување на реклами во онлајн медиумите кои не ги исполнуваат овие критериуми.

Ако Владата и рекламерите не ги почитуваат овие критериуми директно ќе придонесат кон јакнење на дезинформациите во медиумите и нивно користење за пропагандни цели. Ова може да се искористи како алиби за да се донесе рестриктивна законска регулација на онлајн медиумите која може да ја ограничи слободата на изразување на интернет”, се вели во соопштението.

 

Недела против лажните вести од 12-ти до 18-ти ноември

Институтот за комуникациски студии (ИКС) подготвува серија обуки, дебати, онлајн квизови и видеа, како дел од Неделата против лажните вести од 12ти до 18ти ноември.

Активностите имаат цел да поттикнат критичко размислување и да ја подигнат свеста за штетата која лажните вести, манипулациите и дезинформациите, ја нанесуваат на целото општество.

 

(Centar.mk)

Спонзорирано: