18.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИСТОП ВЕСТИ

Заев: Граѓаните и компаниите ќе добијат сигурност, стабилност и квалитет во снабдувањето со електрична енергија на долг рок

Денеска во Владата, каде што се одржа настанот на којшто се потпишаа договори за нови инвестиции во преносната мрежа со којашто управува АД МЕПСО во вкупен износ од 18 милиони евра, свое обраќање имаше и премиерот Зоран Заев, кој по тој повод истакна дека со ова граѓаните и компаниите ќе добијат сигурност, стабилност и квалитет во снабдувањето со електрична енергија на долг рок.

„Со денешното потпишување на договорите МЕПСО како оператор на електропреносниот систем на Република Македонија ќе изгради над 100 км нова далноводна мрежа, 4 нови далноводи на постоечки траси, ќе се модернизираат 4 трансформаторски станици со примарна и делумно со секундарна мрежа и ќе се инсталира нова опрема на 4 трансформаторски станици на 4 хидроцентрали. Она што е важно е дека дотраената стара преносна мрежа ќе се заменува со нова, односно ќе се заменат далноводи стари над 50 години со нови“, истакна Заев.

Премиерот нагласи дека крајниот бенефит од овие нови инвестиции во висина од 18 милиони евра во преносната мрежа на електроенергетскиот систем ќе ги почувствуваат и компаниите, граѓаните и идните генерации преку навремено, брзо, квалитетно и стабилно снабдување со електрична енергија.

Истовремено, вели Заев, со реализација на овие нови инвестиции на АД МЕПСО ќе се отвори и можноста за намалување на трошоците на работење, со што ќе се создадат услови и за намалување на крајната цена што ја плаќаат граѓаните и компаниите бидејќи очекувањата се дека ќе се намали преносната такса што ја добива АД МЕПСО.

Спонзорирано: