5.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Меј: Договорот за брегзит е готов 95 отсто, во ЕУ би останале 54 проценти Британци

Британската премиерка, Тереза Меј, изјави дека договорот за излегување на Велика Британија од ЕУ 95 проценти е готов. Ново истражување покажува дека Британците сакаат да останат во ЕУ.

Според истражувањето на каналот „Ченел 4“, 54 отсто од Британците денеска би гласале за останување во Унијата, пренесува „Ројтерс“. Од Кабинетот на Тереза Меј е соопштено дека таа е уверена дека решението за Северна Ирска, прашање кое моментално е точка на несогласување во преговорите за брегзит, ќе биде пронајдено до рокот за постигнување договор, кој истекува во март 2019 година.

Телевизијата „Ченел 4“ објави дека во случај на повторно гласање за излез од ЕУ, околу 46 отсто Британци го поддржуваат тоа, за разлика од референдумот одржан во јуни во 2016 година, кога одлуката за брегзит беше донесена со 51,9 отсто гласови „за“ и 48,1 отсто од оние кои биле против.

Спонзорирано: