18.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Блокиран цел Клинички, сите лекари испратени дома – 8 часа оперирана сопругата на познат босански политичар

После објавата за мистериозниот пациент кој во четвртокот во строга тајност и под досега невиде и невообичаени мерки на безбедност беше опериран на седмиот кат од Клиничкиот центар во Сараево, КЦУС и понатаму го крие идентитетот на пациентот.

Меѓутоа, иако се обидуваат да го сокријат мистериозниот пациент, постои сомнение дека во тајност е оперирана Себија Изетбеговиќ, инаку директорка на КЦУС, и сопруга на Бакир Изетбеговиќ, претседател на СДА.

Подготовката и самата операција во една од онколошките сали во Централниот медицински блок објавени се под посебни услови и тајни мерки. Во четвртокот во 15 часот, сите вработени, вклучувајќи ги и докторите и другите вработени од тоа одделение, пуштени се дома. Не одделението пристигнале д-р Џелалудин Јунузовиќ, директор на хируршки дициплини, д-р Амела Катица-Мулалиќ, Медведета Бутмир-Чедиќ, шефица во сметководство и главната сестра Ернела Еминовиќ.

На одделението стигнал и еден лекар пластичар од Белград, кој присуствувал на операцијата, која траела скоро 8 часа. Цело време се до утринските часови, тоа одделение било под блокада.

Прашањето е зошто се крие името на пациентот, дури и ако станува збор за Себија Изетбеговиќ, бидејќи иако здравствената состојбана пациентите се чува во приватност, кај познатите личности тоа не е случај.Познато е дека Себија Изетбеговиќ пред десетина години водела борба со карцином на дојка и дека за тоа зборувала и во медиумите и дека на крајот потврдила, дека ја победила болеста.

Додека многу пациенти се жалат на недостаток од квалитетна услуга во болниците, очигледно за некои може да се ослободи и цел спрат од Клиника, пишуваат боснските медиуми.

Спонзорирано: