16.8 C
Скопје
16. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Анѓушев: Со новиот данок е опфатен 1% од населението со највисоки примања, во кои спаѓам и јас

Со прогресивниот данок не се задава никаков удар на индустријата поради тоа што другите даноци во Република Македонија остануваат во најголем дел исти, вели вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев, на новинарско прашање за коментар околу реакциите од стопанството дека со воведувањето прогресивниот данок е зададен удар на бизнисот.

„Ние зборуваме за персоналниот данок. За едно праведно даночење. Јас сум еден од тие кои секако подлежи на ова даночење и апсолутно мислам дека е праведно сите ние коишто имаме поголеми приходи, коишто транспарентно ги објавуваме да помогнеме да изградиме една пофер заедница. Што се однесува до прагот, не е мој праг, не е праг на никого, тоа е праг на Владата или пред сѐ тоа е праг што беше анализиран во Министерството за финансии и подоцна, нели, со премиерот којшто ја води Владата беше одлучено да тоа биде праведниот праг на којшто ќе се оданочуваат сите приходи со 18%“, рече Анѓушев.

Според него, со мерката се заштитува интересот на младата интелектуална класа во Република Македонија. „Во оваа мерка влегува само 1 % од граѓаните на Република Македонија коишто имаат најголеми лични приходи и мислам дека сите тие, а во нив спаѓам и јас, навистина треба да се солидаризираме и да знаеме дека практично го правиме доброто за најголемиот дел на граѓаните на Република Македонија и мислам дека мерката е апсолутно праведна“, рече Анѓушев.

Спонзорирано: