10.8 C
Скопје
23. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Африка ќе произведува свои вакцини

Владите во неколку африкански држави размислуваат за почнување на сопствено производство на вакцини со цел да се намалат трошоците за нивно увезување.

„Денес имаме голем пазар. Само во Источна Африка има околу 178 милиони луѓе, а не увезуваме само вакцини, туку и најразлични фармацевтски производи“, изјави Кристофер Базивамо, заменик-генерален секретар на Источно-африканската заедница, владина организација која опфаќа шест источно-африкански држави.

Ваквата иницијатива ја поддржуваат и други истакнати личност, кои се надеваат дека со произведување вакцини во самите држави ќе паднат и цените на истите, но и дека тоа ќе ѝ помогне на африканската економија преку отворање нови работни места и намалување на трошоците за увезување вакцини.

Африка, исто така, би имала корист од локалното производство на вакцини со оглед на тоа што постои недостиг на вакцини за одредени болести, како жолтата треска, кои сѐ уште се појавуваат во Африка одвреме-навреме.

Спонзорирано: