13.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: Заев и СДСМ го окупираа бизнисот во Македонија

ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение реагира на обвинувањата од СДСМ, тврдејќи дека актуелната власт го окупирала бизнисот во Македонија и систематски ја уништува државната економија додека бизнисите на Заеви цветаат.

„Откако е Заев премиер бизнисите на неговото семејство забрзано растат и бележат неверојатни милионски профити, а граѓаните на Република Македонија едвај преживуваат. Не постои бизнис во земјава што не е окупиран од кланот Заеви, па така за време на оваа криминална власт тие станаа најголем произведувач на марихуана во државата. Бидејќи и тоа им е малку ,камионите на Вице Заев, братот на Зоран Заев ,возат за РЕК Битола, скандал кој обвинителството не се одважи да го истражува“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Опозициската партија додава дека додека капиталот на Заев го достигнува врвот, Македонија сè повеќе тоне.

„Државата е на дното во Европа, неспособната и криминална власт постојано го намалува проектираниот економски раст и од 5% стигнаа до 2,8%. Реализацијата на капитални инвестиции едвај изнесува четвртина од предвиденото, тоа е доказ дека оваа Влада ниту знае ниту е способна да управува со државата. Со секој изминат ден со Зоран Заев на власт, државата сè повеќе осиромашува, граѓаните едвај врзуваат крај со крај, а криминалот и корупцијата царуваат. Затоа оваа криминална и ненародна власт мора веднаш да си замине, за да може Македонија и македонската економија да закрепнат и одат напред“, се додава во реакцијата.

Спонзорирано: