12.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Турското обвинителство издаде наредба за апсење војници за учество во ФЕТО

Турско обвинителство издаде налог за апсење на 26 воени лица поради наводни врски со терористичката организација на Фетула Гулен (ФЕТО), односно терористичката група која стои зад неуспешниот пуч од јули 2016.

Јавното обвинителство во Анкара издаде налог за апсење за осомничените воени лица кои наводно биле во комуникација со т.н. „имам“ на терористичката група преку телефонски говорници.

Полицијата изведе антитерористички операции во земјата низ 14 провинции, но и во главниот град Анкара, вели еден анонимен извор.

Досега, 20 сомничени беа уапсени во анти-терористички операции во Турција. Полицијата продолжува да трага со цел да ги уапси сите осомничени.

Групата ФЕТО и нејзиниот лидер Фетула Гулен стојат зад неуспешниот пуч во Турција што се случи на 15 јули 2016. Во нападите загинаа 251 лице, а 2200 беа повредени.

Анкара тврди дека ФЕТО исто така стои зад долгогодишната кампања со која групата сака да ја урниса државата преку инфилтрирање во институции, особено војската, полицијата и судството на Турција.

Спонзорирано: