12.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

По откривањето на заговорот за атентат, ЕУ сега размислува за санкции за Иран

Европските лидери кои ја критикуваа одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп за санкции врз Иран сега и самите размислуваат за такви санкции по откривањето на наводниот заговор за атентат во Данска, пренесува „Фокс њуз“.

Данските дипломати побараа поддршка на ниво на ЕУ откако нивните разузнавачки служби уапсија осомничен Иранец со норвешко државјанство, кој, наводно, е поврзан со заговор за убиство иранска опозициска личност во нивната земја. Повикот добил поддршка на состанокот на амбасадорите на ЕУ, при што најмалку осум земји го поддржуваат санкциите.

„Ја ценам поддршката од мојата колешка Тереза Меј. Во тесна соработка со Велика Британија и со други земји, ќе му се спротивставиме на Иран”, коментираше данскиот премиер Ларс Локе Расмусен по состанокот.

Американскиот државен секретар Мајк Помпео им понуди американска поддршка на европските земји погодени од иранската активност по атентаторите, коментирајќи:

„Таквото однесување треба да престане и ние им понудивме поддршка и помош на Европејците во спречувањето на ваквите обиди за атентат”.

Сепак, Европската унија е многу критична кон одлуката на Трамп да наметне санкциите врз Исламската Република,одбивајќи да го спаси т.н. нуклеарен договор за Иран.

„Длабоко жалиме за повторното наметнување санкции од страна на САД и поради нивното повлекување од договорот кој е клучен елемент во глобалната архитектура на неширење на нуклеарното оружје и на мултилатералната дипломатија, едногласно одобрена од Советот за безбедност на ОН преку Резолуцијата 2231″, изјави Федерика Могерини.

Спонзорирано: