19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Хрватската полиција трага по 50-годишен Србин поради сторени тешки воени злосторства

Поднесена кривична пријава против поранешен член на српската паравоена единица поради воени злосторства. Како што соопштија властите, станува збор за 50-годишен државјанин на Србија. Имено, како што беше објавено од страна на хрватската полиција, тој е осомничен дека во ноември 1991 година направил низа воени злосторства во Вуковар против заробените хрватски војници.

Во исто време, полицијата објави и детали за тортурата на хрватски војник.

Хрватските медиуми јавуваат дека осомничениот не е достапен за хрватските надлежни органи, а обвинет е дека со помош на другите членови на паравоената единица извршиле воени злосторства на сметка на тогаш 21-годишниот хрватски војник.

Според полицијата, осомничениот со уште двајца други членови на доброволната единица на 21 ноември 1991 година, од просториите на „Велепромет” го однеле заробениот хрватски војник во една куќа во местото Сајмиште каде што биле сместени дел од членовите на единицата.

Според изјавата, затвореникот таму бил психички и физички малтретиран, удиран по тупаници и клоци по целото тело, а тој исто така имал и удари на главата кои биле нанесени од пушка, според информациите со кои располага полицијата делови од неговото тело биле горени со запалка и свеќи. Од полицијата исто така наведуваат и дека војникот бил удиран со стаклено шише по главата, а подоцна со остатоците од искршеното шише тој бил расечен по десната рака и грбот.

По злосторството, војникот бил однесен во камп во Србија, каде што, заедно со други затвореници од областа Вуковар, бил затворен сè до размената во 1992 година, се вели во соопштението на полицијата.

Полицијата поднесе пријава против 50-годишниот Србин до обвинителството во Осиек.

Спонзорирано: