18.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

СДСМ: Бројните пропусти на автопатот Кичево-Охрид мораа да бидат санирани со додатни трошоци

Само заради остварување на криминалните интереси на Никола Груевски и Миле Јанакиески, на автопатот Кичево-Охрид забележани се бројни пропусти кои резултираа со дополнителни трошоци за негова изградба, велат од СДСМ како реакција на денешната прес-конференција на Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ, кој обвини дека Владата неосновано ги зголемувала трошоците за изградба на овој автопат.

„Само заради лично богатење, бил заобиколен законот за јавни набавки, а штетата врз буџетот со директниот договор е над 155 милиони евра, за што предмети отворија независни правосудни органи и се водат судски постапки“, наведуваат од владејачката партија.

Оттаму додаваат дека Владата на СДСМ ги санирала штетите и ги решила наследените проблеми на автопатот создадени од, како што велат, неодговорното и криминално однесување на ВМРО-ДПМНЕ.

Спонзорирано: