11.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Самсунг повторно забележа пад на продажбата

Самсунг во третиот квартал забележа пад на продажбата на паметни телефони за 13,3 отсто во споредба со истиот период минатата година, а Хјуавеи значителен раст од над 30 отсто, покажува извештајот на аналитичката фирма Strategy Analytics.

Самсунг во третиот квартал испорачал 72,3 милиони телефони, што е 13,3 отсто помалку во однос на истиот период минатата година, кога се испорачани 83,4 милиони телефони.

Хјуавеи нема такви проблеми, бидејќи во текот на третиот квартал испорачал 51,8 милиони уреди, што претставува зголемување за 32,5 отсто во споредба со минатата година.

Епл има благо зголемување на бројот на продадени телефони, и во третиот квартал се испорачани 46,9 милиони уреди, што е 0,4 отсто повеќе од минатата година.

Спонзорирано: