12.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

И рекол дека испил отров и дека ќе умре за 48 часа доколку не спие со неа – еве што направила девојката

Еден млад маж од Нов Зеланд признал дека на измама одвлекол жена во кревет.

Имено, 24-годишникот на суд признал дека излажал една жена дека бил присилен да испие отров и дека ќе умре во рок од 48 часа доколку таа не спие со него.

Имено, рекол дека низ потта мора да го исфрли отровот. Жената му рекла да трча за да испоти, на што тој одговорил „дека отровот мора да го исфрли на точно одреден начин – со секс“.

Како би ги поткрепил „доказите“ на ова тврдење, жената добивала мејлови од непознато лице во кои пишувало дека тој мора да има секс три пати во два дена за да ги исфрли токсините од своето тело.

И напишале и дека некој од нејзините најблиски ќе биде повреден, и дека ако не се согласи на секс со него нејзините полуголи фотографии ќе завршат на интернет.

Со тие закани во мејловите, имало и ветување дека ќе добие пари и автомобил.

Измамената жена на суд рекла дека се согласила оти мислела дека неговиот живот навистина бил во опасност.

Дури кога мејловите почнале да содржат правописни и граматички грешки, жената се посомневала дека токму обвинетиот сам ги испраќал мејловите.

Пораките и заканите продолжиле да доаѓаат, а кога измамената жена и кажала на пријателката, таа и сугерирала да го пријави случајот во полиција. Изрекувањето на пресудата за младиот измамник е закажано за 25 мај.

Спонзорирано: