15.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

Граѓаните ја земале правдата во свои раце и го оковале градоначалникот! (Фото)

Во повеќето земји начинот да се казнат политичарите и службениците кои својата работа не ја работат доволно добро, е граѓаните да не гласаат за нив на следните избори.

Меѓутоа, во Боливија граѓаните посегнале по нешто што во оваа земја се вика „социјална правда“, па нашле необичен начин да го казнат градоначалникот.

Мештаните на градчето Сан Буенавентура, кое се наоѓа во северна Боливија, го искористиле правото на „социјална правда“ и својот градоначалник го заклучиле во средновековни окови бидејќи не ја работел добро својата работа.

Градоначалникот Хавиер Делгадо морал да помине еден час во оковите, бидејќи граѓаните на овој начин сакале да му дадат дознаење дека не се задоволни од неговата работа.

Фотографиите од посрамотениот градоначалник кој лежи на земја со една нога заклучена во окови додека на него внимава бесната маса го обиколиле светот.

Градоначалникот Делгадо тој ден требало да присуствува на манифестација за отварање на мост во овој мал град, меѓутоа на местото на церемонијата го дочекала беснта маса, која барала казна за негоавата лоша работа.

„Не ми дадоа ни шанса да ги објаснам своите постапки. Не можев да пружам отпор бидејќи се плашев дека работите можат да ескалираат“, рекол градоначалникот.

Градоначалникот тврди дека одговорноста за лошите резултати не е исклучиво негова и дека жителите ги завела политичка струја која сака да воведе немири во ова градче и да го поништи неговото владеење.

Спонзорирано: