13.8 C
Скопје
23. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
АВТО ЦЕНТАР

Русите не престануваат со изненадувања: Во продажба луксузна „Лада“ за смешна цена

Лада полека ги губи визуелните карактеристики по кои беше препознатлива со децении. Застарениот дизајн заминува во историјата, а старите модели им отстапуваат место на возила со современ изглед.

АвтоВАЗ покрена сериско производство на новиот модел – компактен седан „Веста“.

Автомобилот се изработува во фабрика во Ижевск.

Продукциската верзија не се разликува од концептот кој е претставен 2014, а компанијата планира до крајот на годината да произведе 5.000 возила.

„Веста“ е поставена на целосно нова механичка платформа која инжинерите на компанијата АвтоВАЗ ја развиле со помош на колегите од групацијата Рено – Нисан.

Автомобилот е долг 4.410 мм, широк 1.764 мм, а висок 1.497 мм. Меѓуосовинското растојание од 2.635 мм овозможува солиден комфор за патниците кои се превезуваат на задните седишта.

АвтоВАЗ објави дека 71 отсто од компонентите на новиот модел се изработуваат во Русија, вклучувајќи ги моторот и менувачот.

„Веста“ ќе ја движи 1.6 литарски бензински мотор со 106 КС, додека за преносот ќе биде задолжен петобрзинскиот рачен менувач позајмен од Рено.

За купувачите подоцна ќе биде достапен и автоматски менувач, како и послаб 1.6 литарски бензинец со 87 КС.

Кога станува збор за продажбата, произведувачот ќе се фокусира на домашниот, руски пазар.

Цената ќе изнесува помеѓу 6.200 и 8.000 евра.

Спонзорирано: