21.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТТОП ВЕСТИ

Страшен костим за Hоќта на вештерките стана хит

Девојче од Филипините стана хит поради прилично страшен костим за Ноќта на вештерките.

Двегодишната Маја во Саутби Вилиџ собирала бонбони облечена во фустан со цветен дезен, но во рацете ja носела својата глава на чинија. Нејзината мајка, Кристал Хванг, ја сподели сликата на ќерката во костимот што го дизајнирала, а девојчето стана вирален хит – таа заврши на ТВ дури и во Јапонија.


„За оние кои прашуваат … Да, направив обезглавен костим. Маја беше возбудена и подготвена за целата лента со која ја облепивме …”, напиша мајката.

View this post on Instagram

More pics from yesterday's Halloween!

A post shared by Krystel Hwang (@kryshteta) on


Таа додаде дека во изработката на костимот ја вклучила и својата ќерка, и дека таа не се плашела бидејќи знаела дека тоа не е реално. Луѓето се воодушевени од костимот на нејзината ќерка, а Кристал вели дека луѓето постојано се вртеле по неа.

„Најдобар костим што сум го видел”, напиша еден корисник на Инстаграм, но и многу други ја пофалија креативноста на младата мајка.

Спонзорирано: