11.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТИЗБОР

Советник на Ердоган: Грција ќе доживее катастрофа ако почне војна со нас

Доколку Грција завојува со Турција, ќе доживее катастрофа за три до четири часа, изјави Јигит Булут, советник на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

„Тоа би било како мушичка да се тепа со џин“, рече Булут за една локална телевизија, пренесе „Раша тудеј“.

Руската агенција коментира дека Булут важи за контроверзна личност во турската политика. Именуван е за советник на Ердоган во 2013 година, а потоа станува и главен економски советник.

Булут во 2015 година изјави дека е подготвен да умре за Ердоган, потсетува „Раша тудеј“.

Спонзорирано: