4.8 C
Скопје
18. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЗДРАВЈЕ

Решете се од кашлицата: Магичен сируп од само 2 состојки од вашата кујна

Есента е време кога вирусите тргнуваат во акција, па голем број луѓе имаат респираторни проблеми.

Некои од нив можете да ги решите и без посета на лекар, а еве како можете да се решите од упорната и досадна кашлица со помош на намирници кои ги имате во кујна.

Состојки: 1 кесичка негро бонбони, 100 мл млеко

Начин на подготовка:

Во помало тенџере на тивок оган ставете ги бонбоните да се растопат. Кога ќе станат течни додајте млеко и мешајте убаво да се соедини. Откако ќе се направи убава маса исклучете и течноста префрлете ја во помала тегла.

Неколку пати во текот на денот земајте по една мала лажичка од овој сируп. После два до три дена кашлицата ќе се смири.

Напомена: Природните рецепти не се замена за традиционалната медицина, ниту за лекарствата препишани од доктор. Природните рецепти служат само како додатоци во исхраната и превенција. Не ги употребувајте доколку сте преосетливи на некоја од природните намирници.