20.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Силен земјотрес во Романија, граѓаните во паника

Силен земјотрес со интензитет од 5,8 степени по Рихтер, рано утрово ја погоди централна и источна Романија, а бил почувствуван и во Украина, Молдавија и Бугарија, соопшти романскиот институт за геофизика.

Потресот се случил во 3.30 часот по локално време, со епицентар во трусно подрачје во округот Вранч, на длабочина од 150 километри, пренесе АП.
Како што се наведува, потресот ги разбудил жителите на Букурешт и другите романски градови, а властите соопштиле дека Брзата помош примила голем број повици од граѓани кои имале напад на паника.

Во областа во близина на земјотресот привремено дошло до прекин на струјата. Сеизмолозите смируваат дека не се очекува дополнителни потреси.

Спонзорирано: