3.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СПОРТ

Шмајхел „прснал“ во плач, хелихоптерот паднал пред очи на Питер Шилтон

Брзо по несреќата, откако се сруши хеликоптерот на сопственикот на Лестер Сити, фудбалерите на клубот во сопственост на Вишаи Шривадханапрабха први дознаа што се случило.

Голманот на „лисиците“, Данецот Каспер Шмајхел прв истрчал од стадионот, „прснал“ во плач и како сите останати професионалци на клубот се молел за патниците во хеликоптерот. Поранешниот голман на Лестер и на англиската репрезентација, Питер Шилтон и неговата сопруга Стефани го видоа несреќниот пад баш пред нивните очи.

„Се сруши баш пред нас. Беше ужасно, се надевам дека луѓето внатре се добро“, краток беше Шилтон.

Сите фудбалери на Лестер Сити на социјалните мрежи се молат за здравјето на патниците во хеликоптерот.