3.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СПОРТ

Познатиот репрезентативец се сруши во спортското студио – итно е пренесен во болница, ситуацијата е критична

Поранешниот англиски репрезентативец Глен Ходл е хоспитализиран и неговата здравствена состојба е критична. Ходл, на својот 61.роденден, колабирал во студиото на БТ Спорт.

Телевизијата веднаш ја откажа емисијата во која требало да се анализираат саботните натпревари во Премиер лигата.

Англискиот сервис ББЦ јави дека здравствената состојба на Ходол е критична, но дека добро реагира на лекарските третмани.

Ходл во кариерата одиграл 53 натпревари за Англија, а најдобриот период во кариерата го имал во Тотенхем.

„Многу загрижувачки информации, дека Глен Ходл се срушил во студиото. Нашите мисли се со него и со неговото семејство. Ајде Глен“, напишал на Твиер, просалавениот англиски репрезентативец Гери Линекер.

Ходл во кариерата со Тотенхем триумфирал во Фа купот и Купот на УЕФА, а настапувал и за Монако, Свонси и Челси.