21.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СПОРТ

Од 1 јануари шест милиони евра за поддршка за спортот, најави Заев

Владата е силен поддржувач на спортот и ќе продолжиме и понатаму со сите политики на поддршка на спортот. Новините кои што ги разработуваме и кои треба да отпочнат да се применуваат од јануари 2019 година, е воведување на таканаречените спортски ваучери, каде што ќе вбризгаме дополнително 6 милиони евра за поддршка на спортот во Македонија, рече премиерот Зоран Заев на Форумот на спортски новинари од Југоисточна Европа, кој од вчера започна во Охрид.

„Во новиот буџет за 2019 година ги предвидовме првите финансиски средства за изградба на Дом на спортовите, каде што ќе бидат вдомени сите спортски федерации. Локацијата е обезбедена, со проект од два ипол милиони евра, финансиран директно од буџетски средства, секако потпомогнат и од Олимпискиот Комитет. Исто така, она што ми е важно, е дека Агенцијата за млади и спорт, продолжува и понатаму со сериозна поддршка во севкупниот спорт во Република Македонија, поради тоа што веруваме дека ако спортот оди напред, тоа е доказ за растот и развојот на државата“, рече Заев.

Спонзорирано: