18.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

(Видео) Костадинов: Aнтизападниот пион Мицкоски да каже каква е неговата поврзаност со компанијата „Енерготек“

Антизападниот пион на Груевски, Христијан Мицкоски, не може да побегне од поврзаноста со криминалите на својот претходник, рече пратеникот од СДСМ и коалицијата, Костадин Костадинов, во изјава за медиумите.

„Наместо да се крие зад конфузни и нејасни реакции, антизападниот и антинароден Христијан Мицкоски треба да излезе пред граѓаните и да одговори каква е поврзаноста на антизападниот Мицкоски со компанијата ‘Енерготек’ ДОО Скопје и дали оваа компанија учествувала во конзорциум што добил концесија за користење вода и закуп на земјишта за мали хидроцентрали од владата на својот ментор Никола Груевски“, јавно запрша Костадинов во своето обраќање.

Тој нагласи дека очигледно постојат причини поради кои, како што рече, антизападниот Мицкоски ги следи погубните политики на Груевски и затоа по секоја цена се обидува да ја закочи иднината.

„Ова е уште една причина преостанатите пратенции на ВМРО-ДПМНЕ да ги напуштат овие антизападни и криминални политики на Груевски и Мицкоски и да им се приклучат на процесите што обезбедуваат иднина во ЕУ и НАТО“, порача пратеникот од СДСМ и коалицијата.

Спонзорирано: