5.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Протести во Шпанија против преместувањето на останките на Франко во Мадрид

Илјадници Шпанци се собраа пред римокатоличката катедрала „Алмудена“ во Мадрид протестирајќи против планот таму да се погребаат останките на починатиот шпански диктатор Франциско Франко.

„Мадрид: Без Франко“ и „Правда!“ пишуваше на плакатите што ги носеа демонстрантите.

Како што објаснува „Ројтерс“, семејствата на десетици илјади противници на Франко, кои беа убиени или затворени за време на неговото речиси 40-годишно владеење, не сакаат тој да се погреба на такво симболично место, како што е катедралата.

Шпанските пратеници во септември гласаа во корист на тоа останките на Франко да се преселат од мавзолејот во кој се погребани десетици илјади жртви на Граѓанската војна во Шпанија (1936-1939).

Сè уште не е познато каде ќе бидат префрлени останкте на Франко, но британската агенција укажува дека неговото семејство е сопственик на крипта во катедралата, каде што беше погребана и ќерката на Франко.

Спонзорирано: