14.8 C
Скопје
16. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Мигрантите ја поминаа ноќта на границата меѓу БиХ и Хрватска

На граничниот премин Маљевац, околу 150 мигранти ја поминаа ноќта, од каде би требало во текот на денот да бидат преместени во прифатниот центар Бир во Бихаќ.
Граничниот премин, на кој пред неколку дена стигна голема група мигранти со намера да влезат во Хрватска, се уште е блокиран, а така ќе остане се до преместување на мигрантите, пренесе „Кликс“.

Од хрватската гранична полиција велат дека граничниот премин ќе биде отворен дури откако сите мигранти ќе се тргнат од таа локација. Според последните информации, на мигрантите денеска би требало да им бидат обезбедени автобуси, со кои ќе бидат преместени до новиот прифатен центар Бир.

Пред два дена на граничниот премин Маљевац, група мигранти во обид да ја преминат границата кон Хрватска го пробија полицискиот кордон.

Во инцидентот повредени се најмалку три лица, меѓу кои и еден припадник на граничната полиција на БиХ, пренесува РТРС.

Спонзорирано: