18.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Франција планира да воведе полициски надзор во училиштата

Француската влада денеска објави дека разгледува опции да доведе полицајци во училиштата како дел од напорите за борба против насилството, кои се засилија по серијата инциденти.

Министерот за внатрешни работи, Кристоф Кастане, по состанокот со министрите за правда и образование рече дека владата, најверојатно, следната недела официјално ќе ги презентира плановите.

Во најпроблематичните области не е исклучена можноста за присуство на полицајци во училиштата со согласност на директорот, рече Кастане, а пренесе агенцијата АП.

Средбата беше свикана кога во јавноста се појави видео на кое се гледа како ученик му се заканува на професор со лажен пиштол. Француските медиуми објавија дека уште четворица други ученици им се заканувале на наставници со лажни пиштоли.

Спонзорирано: