4.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
АВТО ЦЕНТАРБИЗНИС

„Форд“ повлекува 1,3 милион автомобили

Компанијата „Форд“ соопшти дека ќе повлече 1,3 милион автомобили од моделот „фокус“ во САД поради проблеми во системот за гориво, кој може да доведе до задушување на моторот без предупредување.

Од компанијата соопштиле дека ќе бидат повлечени автомобили произведени од 2012 година, со дволитарски мотори и четири цилиндри. Од „Форд“ рекле дека вентилот може да остане отворен предизвикувајќи вакуум, а софтверот за контрола на моторот може да не го препознае проблемот.

Прекумерниот вакуум може да доведе до задушување на моторот и деформација на резервоарот за гориво.

До повлекувањето дојде кога Националната управа за безбедност во сообраќајот му ги претстави на „Форд“ жалбите од сопствениците на автомобилите.