7.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Двете Кореи ги отстрануваат стражарските пунктови од границата

Северна и Јужна Кореја денеска постигнаа договор до следниот месец целосно да расклопат 22 стражарски пункта од двете страни на нивната цврсто утврдена граница, што е резултат на најновиот напредок во напорите на двете страни за намалување на воените тензии, соопшти Министерството за одбрана на Јужна Кореја.

Агенцијата „Ројтерс“ потсетува дека овој чекор е резултат на воениот договор што двете страни го постигнаа на самитот во Пјонгјанг, а во кој се заложија за сопирање на сите непријателски дејства, воспоставување зона на забранети летови и постепено отстранување на стражарските пунктови, како и на оружје и мини од демилитаризираната зона помеѓу двете земји.

Како што се наведува во соопштението, претставниците на двете страни во селото Панмуџом, во демилитаризираната зона, разговарале за повторно воспоставување заедничка воена комисија и заеднички тим за истражување на текот на реката Хан, која би можеле да ја користат трговски бродови од двете земји.

Спонзорирано: