10.8 C
Скопје
23. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Белата куќа го покани Путин во Вашингтон

Белата куќа формално го покани рускиот претседател, Владимир Путин, во Вашингтон, изјави советникот на Доналд Трамп за национална безбедност, Џон Болтон. Тој рекол дека се вратиле на идејата која во јуни беше ставена на чекање поради гневот што беше предизвикан во САД по средбата Трамп-Путин во Хелсинки.

Тогаш Трамп го покани Путин да го посети Вашингтон наесен, но поканата беше одложена кога Трамп во домашната јавност беше обвинет за преголема блискост со Кремљ.

„Го поканивме Путин да дојде во Вашингтон следната година“, рекол Болтон на прес-конференцијата во текот на посетата на Грузија, неколку дена откако во Москва се сретна со рускиот претседател.

Сè уште не се знае дали Путин ја прифатил поканата.

Спонзорирано: