11.8 C
Скопје
23. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Потпишан договор за формирање управувачко тело на регионалниот регистарски портал помеѓу Србија и Македонија

Претседателот на Владата, Зоран Заев, денеска присуствуваше на настан посветен на 16-годишнината од работата на Централниот регистар, на кој се потпиша договорот за формирање управувачко тело на регионалниот регистарски портал помеѓу Агенцијата за деловни регистри на Република Србија и Централниот регистар на Република Македонија.

„Во септември 2017 година, по добиената поддршка од страна на владите на Република Србија и Република Македонија, Агенцијата за деловни регистри на Република Србија и Централниот регистар, поддржани од Европската банка за обнова и развој, го почнаа проектот за креирање на регионалниот регистарски портал. Проектот е дел по пошироката рамка на берлинскиот процес за Западен Балкан и претставува еден од фундаменталните инфраструктурни проекти за поврзување на регионот, за слободен проток на информации и за креирање заеднички пазар. Порталот нуди услуги на бизнис-аналитика од регистарски податоци, кои ќе бидат основа за сите понатамошни иницијативи за воспоставување единствен пазар на Западен Балкан. Овој проект е прв и вистински пример на институционална интероперабилност помеѓу Македонија и Србија. Регионалниот регистарски портал, со приклучувањето на другите регистри од регионот во периодот пред нас, треба да прерасне во централен дигитален пазар на корпоративни и финансиски информации и сервис за деловната заедница и инвеститорите во и надвор од регионот“, истакна Заев за време на своето обраќање.

Ова заедно со другите иницијативи, како што се креирање заедничка царинска зона, инфраструктурно, телекомуникациско, енергетско и патничко поврзување, треба да придонесе кон трансформација на целиот регион на Западен Балкан во поволно место за живеење и работење, додаде премиерот Заев. На настанот присуствуваа и директорката на Централниот регистар, Марија Бошковска-Јанковски, раководителот на департманот за економски прашања и меѓугранична соработка во Канцеларијата на ЕУ, Фрек Јанмат, и директорката на Европската банка за обнова и развој за Република Македонија, Анка Јоанеску.

Спонзорирано: