11.8 C
Скопје
23. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
SONY DSC
ЛОКАЛНО

Петровска: Само законски и легален начин за сите проекти во Битола

На 22 седница на Советот на Општина Битола се најдоа измените и дополнувањата на Буџетот за 2018 година на Општина Битола. Градоначалничката Петровска, во своето обраќање ги образложи внесените измени, притоа нагласувајќи дека намалувањето во делот на даноците ќе биде за 14.000.000 денари и 8.000.000 денари за специфични услуги за фирмарина, како последица на несоодветното постапување со даночната евиденција. Исто така, неподготвената документација за реализација на проекти, предизвика спроведување на повеќе постапки до доаѓањето на крајната цел за реализација.

„Ќе започнам со реконструирање на Офицерски дом, меѓутоа на законит и легален начин, со правна процедура, која што некој претходно, ако ја направеше, ќе имавме и тоа два пати реконструктивни зафати“, изјави градоначалничката на Општина Битола, м-р Наташа Петровска, нагласувајќи дека реализацијата на капиталните инвестиции секогаш треба да биде затворено со комплетна проектна документација, а поради тоа голем дел од средствата во ребалансот на буџетот се пренасочуваат за изготвување на проекти, со цел 2019 година да не се сведи на пребарување низ административните датотеки на проекти кои некој требало некогаш да ги сработи.

На денешната седница, Петровска посочи и низа други обврски за кои во минатото не било соодветно постапувано, што секако се одразува на брзината на работата на сегашната локалната самоуправа. Исто така, беше нагласена и големата поддршка од Централната власт, реализирана во изминатата една година, како финансиска, така и во однос на процедурите.

„Ќе почнам од улица Солунска, која што немам намера да ја започнам без конзерваторско одобрение, кое не го дава градоначалникот и постои посебна институција за тоа. Жалам што Битола во изминатиот период била буквално врамена во еден сериозен опфат на старо градско јадро, за што некои велат дека причината била раскараноста на различни структури од тогашната владеачка структура на централно и локално ниво и начинот да се попречува градоначалникот, но тоа ќе го оставам затоа што сакам да верувам дека секој битолчанец треба работи во интерес на својот град. Но сакам да знаете дека, старото градско јадро е наследено со опфат кој диктира што и да сакате да преземете треба да имате конзерваторско одобрение пред да премините на терен. Она што го направи оваа локална власт во соработка со централната власт и нашите пратеници, постапката за опфатот на старо градско јадро да биде во собраниска процедура, со што опфатот на ова јадро ќе биде намален, а Општина Битола, ќе биде растеретена во хартиената процедура кој што некој друг ја наметнал“, додаде Петровска.

Таа нагласи и дека во изминатиот период дури и месните заедници не беа заведени како сопственост, за што исто така активностите се реализираат од страна на оваа локална самоуправа.

Посетителите пак во Националниот парк „Пелистер“ до крајот на годинава ќе бидат ослободени од плаќање влезница, а општината е во разговори со Управата на Националниот парк за да им се рефундираат средствата кои се собираа со посетите во паркот со цел битолчани и понатаму бесплатно да уживаат во убавините на НП „Пелистер“.

Во однос на листата на чекање во детските градинки, средствата за набавка на опрема беа искористени за нова занимална, а со ребалансот се предвидуваат средства за други вакви проекти со што ќе се обезбедат услови за 90 деца.

Проектот за гасификација, исто така е поврзан со усогласувањето на проектот за топлификација, односно одолговлекувањето на истиот е последица на наследени состојби за кои сега активностите мора да се синхронизираат со цел општината да не плаќа казнени пенали.

Општина Битола со ребалансот на буџетот ќе издвои 2 милиони денари за да им ги рефундира парите на родителите за школскиот превоз.

Училиштата ќе треба да достават извештај со список на ученици кои користеле превоз а сами го плаќале, колку денови го користеле и износите да се потврдат со фискални сметки.

Во оваа област, Петровска потсети и на низа претходни пропусти, како што се: непостоењето на меѓуопштински превоз помеѓу општините Битола и Могила, непостоење на општинска комисија за следење на договорите склучени помеѓу општината и превозниците, како и превозот на други патници со училишниот превоз. Сите овие недостатоци сега се надминуваат, а во интерес на учениците, општината презема конкретни мерки кои имаат за цел да спречат евентуални последици, кои би ги попречиле учениците да стигнат до училиште.

„Зборувате за автобусите кои ги гледате тука. Јас никогаш не реков дека тоа се автобусите кои се ветени во програмата, како што некој тоа сакаше да го прикаже. Но, немам намера да ги оставам учениците, затоа што незнам во која насока можат да се движат работите, бидејќи можам да го предвидам своето однесување, но не и на останатите. Немам намера децата да ги оставам.  Да, овие автобуси, согласно целосно пропишани законски одредби, со спроведена процедура се пренесени на користење на Општина Битола, со обезбедени сообраќајни дозволи, се само превозни средства кои што треба да овозможат, да немаме ситуации кои што ги имавме во еден понеделник“, рече Петровска, потсетувајќи дека нешто што требаше да биде гаснење на пожар, не треба да се поврзува со проектот за еколошки автобуси, кој наскоро ќе биде реализиран.

Спонзорирано: