11.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЛОКАЛНО

Општина Центар: ВМРО-ДПМНЕ со лаги сака да го дискредитира градоначалникот

ВМРО-ДПМНЕ и денеска одржа безидејна прес-конференција на која повторно изнесе лаги и дезинформации, сè со цел да се дискредитира работењето на општина Центар и на градоначалникот Саша Богдановиќ, реагираат од Општината на обвинувањата на Антоанета Трајковска од ВМРО-ДПМНЕ која рече дека за една година Богдановиќ ништо не сработил.

„Граѓаните секојдневно ги препознаваат позитивните проекти и работи во општината. Досега, комплетно се реконструирани шест улици со што поставен е вкупно 4.500 м2 нов асфалт, на две улици се работи интензивно, а секојдневно службите на општината по јавување на граѓани, работат на санирање на ударните дупки и оштетените тротоари. Општината се чисти секојдневно и редовно и грижата за чистата и здрава животна средина е евидентна. Особено внимание се обрнува на создавање максимално добри услови за престој и образование на децата. Целосно се реконструирани јаслите во градинката Кочо Рацин клон Бели Мугри и во матичниот објект на градинката 13-ти Ноември, реновирани се две занимални. Децата од ООУ Кочо Рацин добија поголем простор и нови 8 училници и работни простории, а во истото училиште реконструирани се уште 8 други. Дефектолошка служба со петнаесет дефектолози секојдневно работат и им помагаат при наставата на учениците со посебни потреби“, се вели во реакцијата.

Од таму додаваат дека Општина Центар по 50-тина години ќе го добие новото и најсовремено училиште во населбата Капиштец, а во моментов се вршат последните подготовки за почеток на отворање на Банката за храна, со што ќе се исполни изборното ветување на градоначалникот Богдановиќ за Нула глад во општина Центар.

„За криминалните ДУП-ови, донесени од страна на раководството на општината предводено од ВМРО-ДПМНЕ, општина Центар донесе одлука за запирање на спроведување, односно ‘Мораториум на градби’, со цел да се преиспита начинот на носењето на ДУП-овите, а за граѓаните да се обезбедат хумани услови за живеење“, се вели во реакцијата.

Спонзорирано: