17.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КУЛТУРА

Концерт на Звук Караџиќ

Во рамки на циклусот концерти во скопскиот планетариум, овој четврток, 25 октомври, ќе настапи новоформираната група Звук Караџиќ. Почетокот е закажан за 21 часот.

Звук Караџиќ е здружение на музичко-книжевни импровизатори, безгрешно зачнато една убава септемвриска вечер на скопското Кале. Во здружението можат да учествуваат сите кои си ги заборавиле партитурите на пулт, или тетратките со стихови во фиока; сите кои мислат дека имаат што да кажат во мигот на случувањето и сите кои сакаат да се препуштат на моменталната фантазија и да одлетаат далеку, далеку и најблиску до себеси.
На концертот во четврток ќе настапат Костадин Делиниколов, Ѓорѓе Јовановиќ и Владимир Лукаш со инструментариум кој вклучува електрично пијано, гитара, бас, музичка кутија, калимба, slide whistle, блок флејта, перкусии… и аквариум.

За планетариумската проекција ќе се погрижи Даниел Анастасов.

Настанот е во организација на Задруга 5060.

Спонзорирано: