10.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Младите и образовните политики – почнува првиот од трите дводневни настани за вмрежување

Во четврток на 25-ти октомври 2018 година, во хотел Капри, Битола од 11 часот започнува првиот од трите дводневни настани за вмрежување наменети за граѓанските организации и креаторите на младински политики на тема „Младите и образовните политики“.

Настанот го организираат Младинскиот културен центар – Битола и Фондацијата за претприемачки сервис за млади, во рамките на проектот „Јакнење на капацитетите на граѓанските организации со цел унапредување на креирањето на младински политики“, од програмата IPA TAIB 2013 „Зајакната вклученост на граѓанското општество во реформите за интеграција во Европската унија“.

Целта на овој настан е да им овозможи на учесниците да се запознаат со претстојните политики во образованието и процесите кои се водат. Во рамките на панел дискусијата „Младите во фокусот на образованието: кои се политиките и пристапите“ ќе се дискутира за стратегиите и правната рамка за образованието во Македонија, спроведувањето на нови и тековни политики во сите степени на образованието, учество на учениците и студентите во образовните институции, квалитетот на образованието кое се добива, инфраструктура и други поврзани прашања кои го ставаат младиот човек во центарот на образовниот процес. Ќе се дискутира и по следните прашања:

– Колку образованието е насочено кон потребите и интересите на младите?

– Колку се значајни неформалното образование, младинската работа и другите активности кои ги спроведуваат организациите?

– Кои се приоритетните прашања од интерес на младите луѓе кои образованието треба да ги реши?

Настанот е наменет за претставници на граѓански организации кои имаат искуство и интерес за работа во полињата на образованието и младите, креатори и спроведувачи на младински и образовни политики на национално и локално ниво, образовни институции и провајдери на неформално образование.

Спонзорирано: