13.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

СДСМ за обраќањето на Мицкоски: Тој е антизападен пион во рацете на Груевски

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва потврди дека е антимакедонски и антизападен пион во рацете на Никола Груевски, реагира Социјалдемократскиот сојуз на Македонија по обраќањето на Мицкоски за време на партиската прослава по повод денешниот празник.

„Антизападниот пион Христијан Мицкоски не пропушта прилика да им докаже на сите граѓани дека е против ЕУ и НАТО и дека по секоја цена работи против интересите на граѓаните, против интересите на државата. Добро за Македонија е фактот што анти-македонскиот носител на криминалот и режимот, Никола Груевски заедно со неговиот анти-западен пион Христијан Мицкоски се поразени граѓаните, од мнозинството пратеници во Собранието па дури и од сопствената партија“, наведува СДСМ во реакцијата.

Владејачката партија додава дека посетите на високи претставници од демократскиот свет на земјава кои го заобиколиле Мицкоски, меѓу кои и претставникот од САД, се уште една потврда дека раководството на ВМРО-ДПМНЕ останува во длабока изолација.

Спонзорирано: