9.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Сашо Мијалков е исклучен од партијата

По предлогот на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, дисциплинската комисија на општинскиот комитет Центар го исклучи Сашо Мијалков од партијата.

„Се утврдува дека постои дисциплинска одговорност-дисциплинска мерка: исклучување од Партијата ВМРО-ДПМНЕ на лицето Сашо Мијалов согласно Статутот Член 15, став 1 и член 16 Став 1, алинеја 4 каде е утврдено дека лицето Сашо Мијалов на груб начин дејствува против програмските определби, целите и задачите на партијата“ се вели во соопштението на ОК ВМРО-ДПМНЕ Центар.

Мијалков не присуствува на прославата на ВМРО-ДПМНЕ по повод Денот на македонската борба, што вечерва се случува во МНТ.

Спонзорирано: