13.8 C
Скопје
23. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

ВМРО – ДПМНЕ вечер во МНТ ќе го слави Денот на македонската револуционерна борба

Вечерва во МНТ, ВМРО – ДПМНЕ најавува свечено одбележување на 23 Октомври, Денот на македонската револуционерна борба.

Од партијата известија дека на одбележувањето ќе говори Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО – ДПМНЕ.

Доцна синоќа Централниот комитет одлучи да ги исклучи од партијата ексдиректорот на УБК Сашо Мијалков и поранешниот министер за здравство Никола Тодоров оти ги убедувале пратениците да гласаат за промена на Уставот, предвидена со Преспанскиот договор.

Од функцијата потпретседател на партијата беше разрешен и актуелниот градоначалник на Кавадарци, Митко Јанчев, како и членот на извршниот комитет Костадин Богданов.

Потпретседателот на ВМРО – ДПМНЕ, Александар Николовски по исклучувањето и разрешувањето рече дека партијата завршува со минатото и продолжува напред кон иднината силно и реформирано.

Спонзорирано: