3.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Што се случува со Никола Груевски – Дали и тој ќе биде исклучен?

Немам сознанија дека почесниот претседател, Никола Груевски учествувал во обезбедувањето на дво-третинското мнозинство и дејствувал во оваа насока, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски по состанокот на Централниот комитет, одговарајќи на новинарско прашање дали и екс-премиерот ќе биде исклучен од партијата.

ЦК на ВМРО-ДПМНЕ донесе одлука за разрешување од функцијата на потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Митко Јанчев поради однесување спротивно на интересите на ВМРО ДПМНЕ и на Македонија. Николоски рече дека Јанчев соработувал со Зоран Заев и организирал група за притисоци, уцени, закани и поткуп на пратеници на ВМРО ДПМНЕ, со цел да гласаат за уставните измени, при што биле користени најниски методи. Рарешен е и и членот на Извршниот комитет Костадин Богданов, кој дојде од редот на реформаторите.

Централното раководство на партијата одлучи за ексдиректорот на УБК и поранешен висок функционер во ВМРО-ДПМНЕ, Сашо Мијалков, како и поранешниот министер за здравство, Никола Тодоров да предложи исклучување од партијата.

ВМРО-ДПМНЕ најави дека ќе ги исклучи од партијата сите што во иднина ќе гласаат за уставни измени. ЦК го повикува ОЈО да ги истражи наводите за поткуп на пратеници.

Спонзорирано: