4.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Нобеловци предупредуваат на последиците од брегзит без договор

Научници од највиоск ранг во цела Европа предупредуваат дека со излегувањето на Велика Британија од Европската Унија без постигнат договор за идните односи, би се нарушиле истражувањата низ целиот континент.

Во писмо кое го потпишале 29 лауреати на Нобелова награда и шестмина добитници на Филдсова медалја, награда во областа на математиката, ја повикаа британската премиерка Тереза Меј и претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер, да обезбедат најблиска можна соработка меѓу комисијата и унијата, пренесе АП.

Инситутот „Франсис Крик“, кој е најголема лабораторија на биомедицински истражувања во Европа, со седиште во Лондон, исто така предупредува дека Брегзит без договор би можел да им наштети на истражувањата.

Истражувањето, во кое учествуваа повеќе од 1.000 вработени, открило дека 97 проценти од нив сметаат оти тврд брегзит ќе нанесе штета на британската наука.