11.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Лажна е веста дека Мицкоски се откажал од Твитер

Мицкоски ја демантираше информацијата дека се откажал од Твитер.

-Ќе ги разочарам злонамерните и оние кои намерно шират невистини. Јас останувам да ја говорам вистината, исто како што ќе продолжам да го користам мојот твитер. До следниот твит, #МакедонијоНапред!, твитна Мицкоски.

Претходно на Twitter се најде принтскрин твит од Мицкоски според кој се тврди дека Мицкоски се откажал од твитер профилот, што потоа беше пренесено од интернет портали.

Сепак со оглед на актуелностите во ВМРО ДПМНЕ, како и креативноста и сарказмот на Твитер заедницата, најверојатно се работи за шега, имајќи во предвид дека деновиве токму Христијан Мицкоски е во центарот на вниманието на оваа доста креативна заедница, особено ако се земе во предвид исклучувањето на голем број високи функционери во партијата.

Спонзорирано: