10.8 C
Скопје
23. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Ердоган: Имаме силни докази дека убиството на саудискиот новинар било со денови планирано

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска во турскиот парламент рече дека постојат силни докази дека убиството на новинарот Џамал Кашоги во саудискиот конзулат во Истанбул било планирано, опишувајќи го како дивјачко.

Според Ердоган, на одговорните за убиството на новинарот треба да им се суди во Турција, бидејќи убиството се случило во таа земја.

„Го повикувам саудискиот крал и врвот на администрацијата на Саудиска Арабија да го разгледа мојот предлог. Тие ќе одлучат за тоа, но ова е мојот предлог. Тоа се случило внатре во границите на нашата држава“ додал Ердоган.

Свирепото убиство, нагласил Ердоган, е навреда за целото човештво о нагласил дека тоа не се случило спонатно, туку однапред било планирано.

Ердоган нагласил дека за убиството се одговорни 18 лица, од кои 15 дошле од Саудиска Арабија во Турција за да го извршат, а тројца се вработени во конзулатот во Истанбул, каде било извршено убиството.

Како докази за тоа, Ердоган ги истакнал тврдењата дека од конзулатот се изнесени хард дискови на кои се чуваат снимките од безбедносните камери.

Спонзорирано: