11.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Двајца повредени во сообраќајка во Скопје

Две лица се тешко повредени во сообраќајна несреќа што синоќа се случила на крстосницата од улицата “Аминта Трети“ со улицата “Коста Кирков“ во Скопје.

Сообраќајката се случила помеѓу “Пежо 307“ управуван од Г.Љ.(25) од Скопје и “Фолксваген Голф“ управуван од С.Ј.(29) од с.Глумово-скопско.

Во незгодата со повреди се здобиле возачот С.Ј. и сопатникот од истото возило Б.С.(27) кои со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во комплекс клиники “Мајка Тереза“, каде од страна на лекар на С.Ј. му биле констатирани телесни повреди, додека на Б.С. му биле констатирани тешки телесни повреди.

Од страна на увидна екипа од СВР-Скопје бил извршен увид на местото на настанот и се работи на целосно расчистување на случајот.

Спонзорирано: