7.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Чавушоглу: Со никого не сме споделиле информации за истрагата за убиството на Кашоги

Турција се уште не споделила информации со другите држави за својата истрага за убиството на саудискиот новинар Џамал Кашоги, изјави турскиот министер за надворешни работи Мевљут Џавушоглу, неколку часа пред обраќањето на турскиот претседател, кој најави дека ќе изнесе детаљи пред јавноста.

Чавушоглу тоа го рекол во интервју за турската агенција „Анадолија“. Тој исто така рекол дека неговата земја е подготвена да соработува во секоја меѓународна истрага која се води за убиството на Кашоги.

Саудиска Арабија по две недели негирања, за време на викендот соопшти дека Кашоги сепак е убиен во конзулатот во Истанбул, кога влегол во него на 2 октомври. Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган рекол дека денеска ќе одржи говор во кој ќе открие детаљи за истрагата за убиството на саудискиот новинар, која ја спровела неговата држава.

Спонзорирано: