3.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
АВТО ЦЕНТАР

„БМВ“ повлекува 1,6 милиони возила поради опасност од пожар

Поради истекување течности, автомобилската компанија „БМВ“ повлекува 1,6 милиони возила од пазарот низ светот, бидејќи постои опасност од пожар, соопшти компанијата.

Како што објаснуваат оттаму, во одделни дизел возила течноста за ладење може да истече од модулот за рециркулација на издувните гасови, поради што течноста би можела да дојде до жешки делови од системот и да се запали.

Германската компанија претходно повлече околу 480.000 возила од Азија и Европа, бидејќи во Јужна Кореја биле пријавени пожари, а засега немало повредени.

Повлекувањето се однесува на моделите од 2010 и 2017 година, а како што се наведува купувачите на проблематичните автомобили ќе бидат контактирани.

Спонзорирано: